Џафери: Ако има консензус законот за ЈО ќе се усвои до крај на август

Предлог законот за јавно обвинителство денеска влегува во собраниска процедура. Претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека е можно седницата за прво читање да биде в понеделник, а да биде усвоен кон крајот на август, но само под услов да има консензус.

Американската амбасадорка Кејт Брнс на утринската средба со претседателот на Собранието Талат Џафери се интересирала дали до 15 септември предлог законот за Јавно обвинителство може да помине во Собранието. Ова го кажа Џафери по средбата со неа. На редовниот брифинг со новинарите, тој посчи дека ако предлог законот биде доставен деновиве, тој може да биде донесен и до крајот на август.

„Но, тоа не зависи од парламентарните процедури туку од усогласеноста и консензусот меѓу политички партии кои што се претставени во Собранието. Доколку тие имаат консензус може да се обезбеди во тој рок. Ако нема консензус и месеци да седиме овде не може да се донесе законот”, вели Џафери.