Назначениот собраниски спикер Талат Џафери во петокот повторно ја повика полицијата којашто сѐ повеќе станува партиски клон на СДСМ, целосно игнорирајќи ги обрските што ги наложува Деловникот за работа на законодавниот дом, откако пратеникот Илија Димовски му ја одзеде картичката.
Во Собранието, вечерва, по истекот на едночасовната пауза на барање на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, продолжи расправата за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.
Претходно повторно се случи инцидент, откако Илија Димовски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ му ја извади картичката на претседателот на Собранието Талат Џафери. Пред ова, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски побара пауза од еден час, а доби пауза од 10 минути.
Димовски од собраниската говорница рече дека не сака да се предизвикуваат немили настани во собраниската сала, но дека и за љубов и за кавга се потребни двајца.
Се замеша и обезбедувањето да ја чува картичката на Џафери, а околу собраниската говорница повторно се собраа пратениците на опозицијата.
„Секој ден ни викаш полиција. Ова е окупација на парламентот. Ова го нема никаде. Македонскиот народ го гледа ова“, извикуваше од пред насобраните пратеници Влатко Ѓорчев.
Џафери даде пауза од еден час.
Најголемата пратеничка група на ВРМО-ДПМНЕ и колацијата За подобра Македонија обвинуваат за насилство што врз нивните пратеници го спроведува Џафери и пратеничката група на СДСМ, откако Џафери надвор од сите правила и сите членови на Деловникот на Собранието одби да даде пауза на легитимно барање на координаторот на пратеничката група, Зоран Илиоски.
Џафери по петти пат ја викна полицијата со наредба да дејствува врз пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
Присуството на полицијата во Собранието стана редовна практика. На тој начин, Џафери станува најнасилнот спикер во историјата на Собранието на Република Македонија во последните 72 години.
И денешната собраниска расправа помина во реплики и контрареплики на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
Предлогот за разрешување на Зврлевски е поднесен од Владата поради, како што се наведува во образложението, незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата.
Барањето на Владата за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ е неосновано и неаргументирано.