Џафери провоцира инцидент во Собранието, побара отстранување на Милошоски

Владејачкото мнозинство предводено од СДСМ и нелегално избраниот собраниски спикер Талат Џафери спроведуваат вистински терор во Собранието на Република Македонија. Џафери на денешната седница повика на насилна интервенција против пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, откако одби да даде збор, иако за тоа е обврзан согласно Деловникот.

Во средата на самиот почеток на седницата на Собранието на која точка на дневен ред е разрешувањето на Марко Зврлевски, иако пратениците од ВМРО-ДПМНЕ му укажаа дека поради распишувањето на локалните избори од страна на Џафери оваа точка мора според Изборниот законик да биде ставена во мирување до завршување на изборите, Џафери ја продолжи расправата со што не му даваше процедурална забелешка на пратеникот Антонијо Милошоски.

Откако Милошоски проба да го искористи своето право на процедурална забелешка, Талат Џафери се обиде со обезбедување од МВР да го тргне Милошоски од говорницата. На оваа провокација и кршење на деловникот од страна на Џафери, сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ја обиколија говорницата и не дозволија Талат Џафери да спроведува полициско насилство во законодавниот дом.

Случајно или не додека сево ова се случуваше ,ниту еден од пратениците на СДСМ не беше  присутени во салата, што создава простор за серизони сомнежи дека повторно СДСМ сака да спроведе политичко насилство во Собранието, овојпат преку нелегалниот претседател коијшто тие го назначија – Талат Џафери.