Џегер објави песна инспирирана од Брегзитот (ВИДЕО)

Мик Џегер, пејачот на легендарните Rolling Stones, ја објави својата најнова песна „England Lost“ низ која провејуваат чувствата на страв и несигурност во текот на излегувањето на Велика Британија од Европската унија.

„Песната изразува чувство стравување и несигурност, не знаење за тоа каде сме“, изјави 74-годишниот Џегер за радио станицата Beats 1.

Фудбалски навивач во песната зборува за „чувството дека се наоѓаме во тежок момент од нашата историја“.

Освен оваа, Џегер објави уште една „политичка“ песна под насловот „ Get a Grip“ со алузија на САД на претседателот Доналд Трамп во која говори дека „сите информации се лажни“. Имено, познато е дека Трамп секојдневно во своите говори и твитови го користи изразот „фејк њуз“, односно лажни вести.

„Очигледно е дека имаме многу проблеми. Дали сум оптимист во поглед на политиката? Не сум!“, одговори Џегер кој последниот пат објави соло песна во 2011 година.

Додаде дека музиката за двете песни почнал да ја пишува во април, бидејќи „не сакал да ја чека следната година кога би можеле да изгубат секаква смисла“.

Последниот албум „A Bigger Bang“, стоунсите го објавија 2005 година, но гитаристот Кит Ричардс неодамна изјави дека работат на новиот албум кој наскоро би требало да биде издаден.