![дзихадисти-630x393](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/02/dzihadisti-630x393-1.jpg?resize=630%2C393&ssl=1)
Џихадистичката група Исламска држава (ИД) киднапира десетици христијански семејства, откако вчера презеде стратешки град во сириската провинција Хомс, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон, пренесе МИА.
При преземањето на градот Каратеин исламистите киднапирале најмалку 230 лица, вклучувајќи и десетици христијани, меѓу кои голем број жени и деца. Семејствата христијански биле киднапирани од црква во градот.
Каратеин се наоѓа во близина на патот, кој го поврзува античкиот град Палмира со планината Каламун, непосредно до сириско-либанската граница.