Холивудската ѕвезда Џим Кери оддаде почит на неговата девојка, а нејзината ненадејна смрт ја опиша како „удар од гром“.
Катриона Вајт, 30-годишната шминкерка беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во Лос ангелес, во понеделникот.
Таа беше навистина нежен и деликатен цвет, премногу чувствителен за оваа почва. Шокиран сум и во длабока така поради смртта на мојата драга Катриона. Срцето ми е заедно со нејзиното семејство и сите оние што ја сакаа и се грижеа за неа. Сите сме погодени од гром, изјави актерот откако во јавноста се појавија информациите дека неговата девојка се самоубила само неколку дена откако двојката се разделила.
Според информациите од истрагата, безживотното тело на девојката го пронашле неколку нејзини пријатели, кои биле загрижени за неа.
Наводно покрај неа имало апчиња, како и проштално писмо адресирано до актерот.
Катриона, неколку дена пред тоа објавувала загрижувачки пораки на социјалните мрежи. Повеќе за тоа на следниот линк.