Широка насмевка и златен заб… Ова е дел од текст на песна на Ѓорѓе Балашевиќ, а совршено одговара и за најновиот изглед на Џони Деп.
Актерот Џони Деп неодамна се појави на филмскиот фестивал во Венеција заедно со неговата млада сопруга Амбер Херд, меѓутоа неговиот изглед не остави позитивен впечаток врз фановите.
Од некогашниот најголем заводник во Холивуд, Деп полека, но сигурно се трансформира во средовечен маж со вишок килограми, а неговиот најнов изглед ги збуни неговите фанови.
Деп се појави со отечено лице, со мрсна коса, но и со видлив вишок килограми. Но, она што сите ги збуни најмногу беа златните навлаки на забите.
Во последните неколку месеци зачестија гласините дека актерот се вратил на старите пороци и секојдневното опивање, што стана очигледно минатата година кога се појави „мртов пијан“ на доделувањето на Холивудските филмски награди.