Џонсон: Брегзит е огромна економска можност за Велика Британија

Брегзит е „огромна економска можност за Обединетото кралство“, изјави новиот британски премиер Борис Џонсон, јавуваат светските агенции.

Според него, разводот меѓу Лондон и Брисел од неговата претходничка Тереза Меј беше третиран како „неизбежна и непријатна метеоролошка појава“.

Џонсон оваа изјава ја даде во Манчестер каде вети нови инвестиции и забрзување на преговорите за трговија во периодот по излезот од ЕУ и бесцарински зони на пристаништата, за да и се помогне на британската економија.