Пораншениот шеф на британската дипломатија и лондонски градоначалник во два мандата, Борис Џонсон, кој е фаворит за наследник на Тереза Меј на премиерската и лидерската позиција на владејачката Конзервативна партија, го повтори својот став во саботата дека договорот за напуштањето на Обединетото Кралство од Европската унија може повторно да се испреговара, велејќи дека „со вистинска енергија и приврзаност ќе надвладее здравиот разум“.
Џонсон зборуваше во Бирмингем на првиот од 16-те собири на кои треба да се убедат 160.000 членови на Конзервативната партија, дека е најдобар кандидат кој може да ја изведе Велика Британија од кризата околу брегзитот.
Длабоко сум убеден дека со вистинска енергија и вистинска приврзеност не надвладее здравиот раум, но доколку тоа не се случи, мораме во секој случај да бидеме подготвени да излеземе… Токму затоа што ќе се подготуваме од сега до 31-ви октомври за брегзит без договор, ќе добиеме договор кој ни е потребен“, изјави Џонсон.
Анкетите и членови на „Ториевците“ предвидуваат дека Џонсон е речиси сигурен наследник на Тереза Меј, а резултатите од изборите на конервативците ќе бидат објавени во втората половина на јули.
Челникот на Европскиот совет, Доналд Туск, и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во петокот на маргините од самитот во Брисел изјавија дека немаат ништо ново да му понудат на новиот британски премиер.
„Нема ништо ново, бидејќи едногласно повторивме дека нема да има повторни преговори околу преговорите за истапувањето“, рече Јункер.
Туска рече дека ЕУ сега треба да биде само стрплива и да чека дали новиот британски челник има некои нови предлози. Германската канцеларка Ангела Меркел, пак, истакна дека се согласува со челниците на ЕУ во вроска со потребата за добра соработка со следниот британски премиер, и истакна дека диоговорот за истапување „во целост е испреговоруван“.
Џонсон се осврна и на доаѓањето на полицијата во неговиот дом во Лондон на повик на соседите, велејќи дека членовите на партијата не ги интересира зошто е повикана.
Рано во петокот утрото полицијата била повикана во апартманот во кој Џонсон живее со неговата партнерка Кари Симондс, откако соседите наводно слушнале гласна кавга. Полицијата подоцна во саботата соопшти дека двајцата „биле добро“ и дека „немало приочина за полициска интервенција“.
„Мислам дека не ги интересираат токви работи, освен доколку не грешам. Мислам дека сака да слушнат кои се моите планови за земјата и за мојата партија“, рече Џонсон, по што доби аплауз од аудиториумот.