Џонсон вели дека на Лондон ќе му треба соработка со Брисел

Фаворитот за нов британски премиер Борис Џонсон, призна дека ќе му биде потребна соработка со Европската унија а да се избегне враќањето на ткн „тврда“ граница меѓу двете Ирски и трговските царини, доколку не биде постогнат договр, пренесува BBC.

Во разговорот за британскиот јавен сервис, Борис Џонсон вели дека „тоа не само до нас“. Додава дека „во ниту еден момент не верувал“ дека Велика Британија ќе ја напушти Европската унија без договор, иако е подготвен да то стори и тоа.

Џонсон открива дека смета оти е „мртов“ постојниот договор кој со Брисел го постигна премиерката на заминување Тереза Меј, но оти е можно да се постигне нов договор со ЕУ до крајот на октомври, бидејќи се променил политичкиот пејзаж и на островот и на континентот.

„Мислам дека политиката всушноста многу се промени по 29-ти март“, истакнува Џонсон алудирајќи на првиочниот датум за спроведување на брегзитот. Велика Британија сега ЕУ треба да ја напушти на 31-ви октомври, откако планот на поранешната премиерка трипати беше одбиен во парламентот.

Џонсон смета и дека има решение со коешто ќе го убеди Брисел во решвањето на прашањето на границата меѓу Северна Ирска, којашто е покраина на Обединетото Кралство, и Република Ирска којашто е членка на Европската унија. Станува збор за ткн „бек-стоп“ контролни царински пунктови, бидејќи постојат начин иза укинување на контролите на границата кои беа укинати по мировниот договор пред дваесеттина година. Вели дека „многу, многи технички решенија“ за избегнување на граничните контроли.

Во трката за челник на Конзервативната партија, а со тоа и за преземањето на должноста британски премиер, покрај Борис Џонсон остана самоу уште актуелниот министер за надворешни работи Џереми Хант, кој, исто така, најавува дека е подготвен да ја изведе земјата од ЕУ на 31-ви октомври без договор, доколку Брисел нема да са ка повторно да преговара. Околу 160.000 „Ториевци“ одлуката за новиот лидер ќе ја донесат до крајот на јули.