Дирекцијата за заштита и спасување преку соопштение апелира до сите градоначалници и единици на Локалната самоуправа да ги превземаат сите неопходни мерки за расчистување на снегот и снежните наноси, поради нормално одвивање на сообраќајот и заштита на населението согласно обврските од Законот за заштита и спасување.
Од ДЗС воедно информираат и дека будно ја следат состојбата со временските услови во целата земја.