ДЗС пресмета просечна плата за јули од 31.812 денари или 516 евра

Според податоците на Државниот завод за статистика, ДЗС, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јули 2022 година, изнесува 31.812 денари. Индексот на просечната нето-плата, во однос на јули 2021 година, изнесува 111.5, односно таа е поголема за 11,5 отсто во споредба си истиот месец минатата година.

Ваквото зголемување, според ДЗС, се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (17.8 %), Стручни, научни и технички дејности
(17.5 %) и Уметност, забава и рекреација (16.3 %).

Намалување на просечната месечна нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, јуни, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (4.3 %), Рударство и вадење на камен (3.9 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.9 %).