![pelister-nekse](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/02/pelister-nekse.jpg?resize=599%2C400&ssl=1)
Амбициозниот битолски тим, сепак, ќе треба уште да се докажува на европска сцена за да биде вбројан во најдобрите 16 ракометни екипи. Неофицијално, меѓу шесте екипи кои добиваат т.н. вајлд-карта за настап во Лигата на шампионите се Пик Сегед, Цеље, Мешков Брест, Динамо Букурешт, Елверум и Нант, за кој настапува македонскиот капитен Кире Лазаров и кој ќе се врати во елитата по пауза од една сезона. Тоа ќе биде последната сезона од неговиот договор (ако не го продолжи), така што Лазаров ќе има можност и со полни 40 години да ги покаже своите квалитети.
Е. Пелистер, заедно со уште осум други екипи кои бараа валјд-карта (било како вицешампиони или шампиони на држави со послаб рејтинг) ќе мора сега да се задоволат со ранг подолу, новоформираната Европска лига. Таа, всушност, ќе има изглед на досегашниот ЕХФ-куп, но со многу повисок квалитет. За таму веќе конкурира Металург и Бутел Скопје, во почетните квалификациски натпревари. Сега ќе остане на ЕХФ да одреди дали Е. Пелистер и Металург ќе добијат право да игра директно во групната фаза на Европската лига или ќе почнат од третото, последно квалификациско коло.
Веќе од претходно беше познато дека Вардар ќе игра директно во Лигата на шампионите, а се очекува ЕХФ утре да го соопшти комплетниот изглед на куповите за новата сезона.