Ќе преовладува сончево време со температури до 18 степени

Наутро умерено до значително облачно, во текот на денот облачноста ќе се намали, па попладне ќе преовладува сончево време. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје рано претпладне со значителна облачност, која веќе до пладне ќе се намали и попладне ќе биде сончево. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 15 степени.

Во недела утрото ќе биде постудено, а преку денот ќе преовладува сончево време. Од понеделник облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени локални врнежи од дожд.