Странските државјани вклучени во пропаганда на нетрадиционални сексуални односи ќе бидат протерани од Русија и ќе бидат казнети со парична казна до 400.000 рубли (6.500 долари), според предлог-законот поднесен до Државната дума (долниот дом на парламентот).
Предлог-законот предлага казнување на пропагандата на нетрадиционални вредности меѓу возрасните, вклучително и на Интернет, со административна казна од 100.000 до 200.000 рубли (1.600-3.200 долари) и последователно протерување од Русија. Сличен прекршок во кој се вклучени малолетници, би требало да повлекува парична казна од 200.000 до 400.000 рубли (3.200-6.500 долари) и депортација од земјата.