Ќе се потпише меѓународен договор со кој ДКСК ќе има увид во имотот на функционерите во странство

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе има увид во имотот на функционерите во странство. Владата на денешната седница ја прифати информацијата на предлог на Министерството за правда, според која Северна Македонија ќе го потпише Меѓународниот Договор за размена на податоци за проверка на изјави за имотна состојба.

Со ратификацијата на овој договор, Државната комисија за спречување корупција и конфликт на интереси ќе се стекне со право да бара информации за имотната состојба на сите јавни функционери, вклучувајќи ги оние од правосудството, кои имаат или стекнуваат имоти и финансиски средства во странски земји, се наведува во соопштението на владината прес-служба.