Ќе се разгледува извештајот на „Амнести“ за прекршувањата на Киев

Меѓународните експерти ќе проверат „што тргна наопаку“ со документот во кој се обвинува Украина за кршење на хуманитарното право.

Независни експерти ќе го разгледаат извештајот на „Амнести интернешнал“ во кој се обвинуваат украинските вооружени сили за кршење на хуманитарното право, по реакциите од Киев, во обид да разберат „што тргна наопаку“ со подготовката на документот.

Во соопштението објавено од германскиот оддел во петокот, чуварот за човекови права рече дека проучувањето на документот е „иницирано на меѓународно ниво“ и ќе го испита процесот со кој материјалот е подготвен и како извештајот бил анализиран од правни и политички ставови.

„Сакаме да разбереме што точно тргна наопаку и зошто, за да извлечеме поука и да ја подобриме нашата работа на полето на човековите права“, велат од организацијата.

„Амнести интернешенел“ истакна дека „овие наоди не се пренесени точно“ како што се очекуваат од организацијата. Исто така, наведе дека Меѓународен секретаријат на организаицијата не реагирал на коректен начин на критиките од меѓународната заедница.

Извештајот, рече надзорното тело, исто така „не обрна должно внимание на руската агресија што го крши меѓународното право“, додавајќи дека „Амнести“ ја осудува воената кампања на Москва во Украина.

На 4 август, „Амнести“ објави извештај во кој го обвини Киев за „јасно кршење на меѓународното хуманитарно право“, велејќи дека ги загрозува животите на цивилите со тоа што ги става своите воени средства блиску до цивилната инфраструктура.

Во 22 од 29 училишта што ги посети Амнести во периодот меѓу април и јули, групата за човекови права соопшти дека пронашла докази за сегашна или претходна воена активност. На пет локации, тие беа сведоци како украинските војници ги користеа болниците како бази.

Како и да е, се забележува и дека украинската војска не била присутна во некои области каде што руските сили наводно извршиле напади врз станбени области, заклучувајќи дека незаконската воена употреба на цивилни локации од Украина „не ги оправдува неселективните руските напади“.

По реакциите од Киев, кога украинскиот претседател Владимир Зеленски ја критикуваше „Амнести“ за застанување на страната на „терористите“, организацијата се извини за нејзиниот извештај, велејќи дека „длабоко жали за вознемиреноста и гневот што ги предизвика  нивното соопштение за борбените тактики на украинската војска“, додавајќи дека сепак целосно стојат зад нивните наоди.