Најмалку 35 мртви во пожар во црква во Египет

Најмалку 35 луѓе загинале а 45 се повредени во пожар во црква во египетскиот град Гиза во неделата, пренесува агенцијата Reuters повикувајќи се на два безбедносни извори.

Пожарот веројатно на електричните инсталации избувнал кога околу 5.000 верници се собрале на литургија во црквата Ани Сифин во квартот Имбаба, предизвикувајќи стампедо, рекле изворите.

Повредените се хоспитализирани, соопшти египетското министерство за здравство. Според кое бројот на жртвите се искачил на 41, а дека најмалку 14 се тешко повредени.

Пожарот, според властите, сѐ уште не е изгаснат во црвата наречена по свети Меркуриј од Цезарија, кого го чествуваат Коптите, најголемата христијанска заедница на Блискиот исток со меѓу 10 и 15 од 103 милиони Египќани.

„Ги мобилизирав сите државни служби за да се обезбеди преземање на сите мерки“, објави на Facebook претседателот Абдел Фатах ал-Сиси.

Во март 2021 година најмалку 20 луѓе загинаа во пожар во фабрика за текстил во источно предградие на Каиро. Во 2020 година во два пожара загинаа 14 пациенти со Covid-19.

Иако бројни, Коптите сметаат дека се потиснати во египетското општество и ги осудуваат многу рестриктивните закон за градење цркви и многу полибералните за џамии. Темата е чувствителна и коптскиот активист за човекови права Патрик Заки неодамна мина 22 месеци во притвор поради „ширење лажни информации“ поради напис кој го разоткрива кршењето на правата на христијаните во Египет.

Коптите беа и цел на екстремните исламисти откако ал-Сиси по масивните немири во 2013 година го симна од власта исламистичкиот претседател Мохамед Морси. Ал-Сиси, познат како верник, беше првиот египетски претседател кој секоја година присуствува на коптската божикна литургија, а неодамна по првпат во историјата именуваше коптски судија на чело на Уставниот суд.