Ќе се воведува бесплатен државен интернет

Владата планира да обезбеди бесплатен државен WiFi на отворени јавни површини. Засега не се знае кога ќе почне да функционираа оваа услуга.

Владата на денешната седница го задолжил Јавното претпријатие Национална радиодифузија – Скопје кое е носител на проектот до крајот на 2021 година да достави предлог листа на локации за обезбедување бесплатен државен WiFi за цела територија на државата.

Националната радиодифузија во ова ќе соработува со телекомуникациските оператори, Министерството за информатичко општество и администрација, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и локалните самоуправи.

Како што е соопштено, до крајот на април 2022 година, во соработка со Министерство за информатичко општество и администрација, Национална канцеларија за бродбенд компетентност и Агенцијата за електронски комуникации ќе одржат јавни состаноци со заинтересираните оператори и локалните самоуправи за реализацијата на обезбедувањето бесплатен безжичен WiFi на одобрените локации од интерес за туристите.