Научниците од Националниот институт за вирологија на Индија првпат го идентификувале вирусот Нипах кај лилјаците во сојузната држава Махарараштра, се наведува во написот објавен во стручното списание Indian Journal of Public Health Reserarcj & Development.
Вирусот, кој најчесто се наоѓа кај летечките лисици и глувците, Светската здравствена организација (СЗО – WHO) го именува како еден од најопасните во светот. Со него може да се заразат луѓе кои јаделе овошје кое е контаминурано со плунка или секрет од заразено животно. Засега нема никаков лек или вакцина против вирусот и стапката на смртноста достигнува меѓу 40 и 75 отсто од случаите на заа зсо него.
Во скорешното минато во Индија беа регистрирани четири епидемиии од оваа болест. Вирусот Нипах првпат предизвика епидемии во Западен Бенгал во 2001 и 2007 година, а уште двапати во 2018 и 2019 година во државата Керала.
Научнциите во студијата забележале дека од март 2020 година испитувале премроци од 80 глувци од видовите Rousettus leschenaultii и Pipistrellus Pipistrellus, кои живеат во пештерата Махабалешвара и во нив пронашле РНК и антитела на вирсот Нипах (Nipah henipavirus)
„Последователните епидемии, високата стапка на смртноста, пренесувањето од човек на човек и недостигот од ефикасни вакцини или антивирусни препарати се сериозно загрижувачки во Индија, бидејќи лилјаците се многу чести во густонаселениет области“, велат истражувачите.
Според истражувачите, ова откритие наложува натамошни студии, бидејќи поради малиот примерок истражувани лилјаци не е возможно да се извлечат порелевантни или конечни заклучоци.