Еден од синовите на Ердоган под истрага за поврзаност со криминална група

Еден од двајцата синови на турскиот премиер Рецеп Таип Ердоган е под истрага за „создавање и припадност на криминална група“ во рамките на корупцискиот скандал, кој што избувна во Турција.

Билал Ердоган, кој раководи со невладината организација „Турска фондација во служба на младите и образованието“ е осомничен за извршување на сериозни криминални дела.

Веста доаѓа во време кога е отстранет од работа Муамеер Акаш, обвинител за случајот, кој рече дека бил спречен да ги извршува своите обврски и да ги направи потребните апсења и претреси.

Во средата вечерта во Турција беа се раширија гласини дека уште 30 политичари и нивните блиски се инволвирани во корупцискиот скандал . Ден подоцна истрагата сеуште нема нови осомничени.