Скопјанец настрадал во престрелка меѓу две групи на улицата „Хо Ши Мин“, во вторникот попладнето во Бутел, дознава 24 Инфо.
Како што дознава 24 Инфо, на престрелката меѓу две групи и претходела брканица со автомобили низ населбата, па и околу Основното училиште „Живко Брајковски“. За среќа нема настрадано деца и други минувачи.
Во инцидентот едно лице било застрелано во ногата и е пренесено во Поликлиника „Чаир“.
Повредено е уште едно лице, но не е познато дали станува збор за повреди од огнено оружје.
Од МВР потврдија дека имало инцидент и најавија повеќе детали во текот на денот.