Еден загинат, а по 9 се трага откако брод потона на релација Тајван-Кина

Најмалку едно лице загина, а 10 се водат за исчезнати, откако брод потона на источното кинеско крајбрежје, соопшти агенцијата Синхуа.

Товарниот брод броел 15 членови на екипажот кога потонал околу 4:30 часот по локално време, на 167 километри источно од градот Тајзхоу во провинцијата Цеџианг, објавија локалните власти.

80 метри долгиот товарен брод го напуштил тајванското пристаниште Каосиунг со 14 припадници на екипажот од Мјанмар и еден тајвански државјанин. Досега четири лица се спасени, објави АФП. Националниот центар за спасување на Тајван во соопштението нагласи дека властите испратиле бродови и авиони за да учествуваат во спасувачката операција.

Во тек е и истрага за утврдување на причините за несреќата.