Загина едно од двете лица ранети во неделата во експлозијата околу пладне по локално време на влезот од станицата „Воорби Гард“ во квартот Худдинге, јужно предградие на шведската престолнина Стокхолм, соопшти полицијата.
Потврдено е дека потешко повреденото лице коешто починало од повредите во детонацијата е маж во шеесеттите години кој подигнал предмет од земјата, кој експлодирал. Во болница е пренесена и жена во четириесеттите години, за која локалните медиуми пишуваат дека била во придружба на мажот
„Жената има повреди на лицето и нозете, таа е пренесена во болница“, изјави портпаролот на полицијата Свен-Ерик Олсон за шведската телевизија STV.
Портпаролот на полицијата на Стокхолм за агенцијата Reuters изјавил дека засега нема причини да се верува дека инцидентот е поврзан со тероризам. Полицијата го опкружила и блокирала подрачјето околу станицата и го истражува инцидентот. Покрај тоа, затворена за употреба е оваа станица од подземната железница.
Полицијата соопшти дека отворила прелиминарна истрага за дело убиство и злосторство против јавната безбедност.
Интернет изданијата на таблоидите Aftonbladet и Expressen пренесуваат дека се смета оти експлодирала рачна граната, но портпаролот на полицијата Свен-Ерик Ослон не сакал да ги потврди овие информации, но додал дека засега ништо не упатува дека нападот бил насочен конкретно кон настраданите.