Едно лице загинало а уште осум се ранети во напад на милицијата на побунетото јеменско шиитско племе Хути врз најновиот напад со беспилотно леталов врз саудискиот аеродром Абха, пренесува во неделата саудиската телевизија Al-Arabiya повикувајќи се на својот дописник.
Сириец кој имал постојано престојувалиште во Саудиска Арабија, починал од повредите здобиени во нападот.
Претходно телевизијата блиска на движењето на Хутите, Al-Masirah пренесе дека биле извршени напади со беспилотни летала аеродромите Абха и Џизан во јужна Саудиска Арабија. Портпаролот на јеменската милиција, бригадниот генерал Јахја Сари, изјавил дека воздушните сили извршиле „масивни напади со беспилотните летала K2“. Цел на првиот напад била пистата на аеродромот и воени точки на аеродромот во Џизан, а на втората бил аеродробот во Абха, а и двете операции ги погодиле своите цели „со висока прецизност“, додал портпаролот.
Хитите во изминатите неколку месеци ги засилија нападите со проектили и дронови на саудиските градови, како одмазда на ракетирањата на сунитска коалиција предводена од Саудиска Арабија на пристанишниот храд Ходејда и јеменската престолнина Сана кои неколку години се под контрола на јеменските бунтовници.
Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија и САД во заедничка изјава којашто ја објави саудиската амбасада во Вашингтон во неделата, изразија загриженост поради ескалација на нападите на Хутите, но не ги споменуваат последните напади со дронови. Изразуваат загриженост, исто така, поради „опасноста што ја претставуваат за мирот и стабилноста дестабилизирачките активности на Иран во Јемен и поширокиот регион“, при што ги наведуваат и нападите врз нафтените танекри во Оманскиот залив, за кој Техеран ја негира одговорноста.
Ескалацијата на судирите е закана и за дпоговорот под покровителство на Обединетите нации и повлекување на единиците на бунтовниците од градот Ходејда, кој стана клучен во војната минатата 2018 година кога коалицијата на Саудиска Арабија се обиде да го заземе пристаништето за да ја отсече главната линија за снабдување на Хутите и има огромно значење за милиони Јеменци.
Споменетата заедничка изјава ги повикува сите страни вклучени во војната, конструктивно да соработуваат со специјалниот претеник на ОН за Јемен, Мартин Грифитс, за да се забрза имплементацијата на договорот.
Војната во Јемен се оценува за таканарелен „посредничка“ војна за превласт во регионот во која се судираат сунитската Саудиска Арабија и шиитски Иран. Хутите, меѓутоа, негираат дека се марионети на Иран и тврдат дека целта на нивната револуцја е да ја сопрат корупцијата во Јемен која според нив е виновна што во 2014 година племињата лојални на џихадистичката Ал Каеда. Хуситската милиција „Ансар Алаа“ е сојузник со војниците лојални на поранешниот јеменски претседател Али Абдел Салех.