Еден загинат во напад со дронови во Киев

Најмалку едно лице загинало во вторникот во напад со беспилотни летата во украинската престолнина Киев, објави AFP повикувајќи се на својот репоретер од самото место/

Неколку дронови „камиказе“ ја погодиле зградата на Државната академија на науките во северозападниот дел од Киев, јавува агенцијата. Спасувачите најмалко едно безживотно тело во воеан униформа извлекле од таа седумкатница од која уште се кревал чад, се додава.

Војниците присутни на местото рекле дека руските сили ги нападнале со „дронови самоубијци“ од кои еден наводно урнале. Другтие летала во форма на крило широко еден петар преселено наполивина можеле да се видат недалеку од местото на инцидентот, пренесува репортерот.

Украински разузнавачки офицер, одговарајќи на новинарско прашање на местото на нападот, рекол дека е изведен воздуштен напад со помош на беспилотните летала од типот „Орлан“ и дека притоа загинале три лица, што новинарите не можеле да го проверта, како и дека избувнал пожар.

„Две летатал се соборени“, рекол офицерот кој сакал да остане анонимен.

Во Киев поради закана од нападот на руските сили кои се вкопани со денови во северозападните и источните предградија, во понеделникот вечерта беше воведен полициски час кој ќе трае до средата наутро.