Еди Рама четврти во Европа, според популарност на интернет

Според најновата студија за популарност и податоци за интерактивност на социјалните мрежи, премиерот на Албанија, Еди Рама е четврти најследен политичар во Европа за 2020 година, со 1,3 милиони следбеници. Тој остави  зад себе многу лидери, вклучувајќи ги премиерите на Македонија и на Грција, но исто така и на моќни земји како што се премиерот на Австрија и премиерот на Норвешка.

Прв според бројот на следбеници е претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, по што следи премиерот на Италија, Џузепе Конте, а по него на третото место е британскиот премиер Борис Џонсон. Од податоците што ги анализира „Терадата“, Рама е рангиран на шестото место во Европа според бројот на реакции на следбеници, со 5,6 милиони лајкови во текот на годината што ја оставивме зад нас. Уште еден многу интересен факт е што објавите на „Фејсбук“ го рангираат шефот на албанската влада на прво место меѓу европските лидери со 812 објави во 2020 година.