Премиерот на Албанија, Еди Рама, објави дека Министерството за надворешни работи го покани српскиот амбасадор во Тирана да му достави вербална нота, по изјавите на српскиот министер за одбрана, Александар Вулин.
Рама рече дека нема да толерира никаква навреда од претставници на српската влада кон албанската влада.
„Министерството за надворешни работи на Албанија го продолжи процесот, амбасадорот на Србија е поканет или ќе биде поканет, така што преку вербална нота да ја извести Србија дека ниту една голема уста во владата на Србија не може да и наштети на Владата на Албанија, фигура на министер или премиер на Албанија“ изјави Рама.
Пред неколку дена, Вулин ја коментираше изјавата на премиерот Еди Рама кој на заедничката конференција што се одржа со премиерот на Косово, Авдулах Хоти, по состанокот на владите на Албанија и Косово рече дека пристаништето во Драч ќе биде „де факто“ пристаниште на Косово.
Српскиот министерот по оваа изјава рече дека Рама работи на создавање на „Голема Албанија“ и дека ЕУ треба да реагира бидејќи такво нешто претставува закана за мирот.
Тој исто така упати и лични навреди за албанскиот премиер велејќи дека Рама нема мозок.
Еди Рама за овие навреди соопшти дека очекува претседателот на Србија, Александар Вучиќ, да се извини во име на државата Србија.