Најмалку единаесет лица загинале, а 930 затвореници побегнале кога неидентификувани напаѓачи во неделата продреле во затвор во североисточниот град Бени во Демократската Република Конго, објави гувернерот на тамошната покраина.
Станува збор за најмалку четврти напад врз затворите во Конго во изминатиот неполн месец дена, што укажува на зголемената несигурност откако претседателот Жозеп Кабила кон крајот на декември одби на замине од должноста.
Околу четири илјади затвореници побегнаа од главниот затвор со најголема безбедност во главниот град Киншаса во мај, а во саботата три лица побегнале од друг затвор во престолнината.
Жулиен Палуку, гувернер на покраината Северно Киву, соопшти дека напаѓачите во неделата користеле тешко вооружување и убиле осум чувари.