Случаите од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) имаа единствена цел, а таа цел беше да се нападне ВМРО-ДПМНЕ и по можност да се добие некој политички поен повеќе за Зоран Заев. Тоа времето ќе го покаже. Тоа го говорат сите оние факти и докази кои што ги имаме ние, но и сите оние случувања кои што му претходеа и кои што ќе следат допрва во делот на разврската како работело СЈО. како ќе продолжи да работи ова обвинителство итн, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто за емисијата Детектор на телевизија Сител.
Според лидерот на опозицијата доколку во СЈО работело чесно и не било злоупотребувано, СДСМ ќе дозволи во Собранието да се формира анкетна комисија која што ќе го истражи работењето на СЈО. Мицкоските е убеден дека во работата на СЈО ќе се најдат незаконитости од материјално финансиски аспект кој што се случувале во изминатите четири години откако постои СЈО. За него важно е да се истражи работата на оваа институција бидејќи се трошеле парите на граѓаните, но и на странски држави кои се наши сојузници.
Доколку тие чесно работеле и доколку навистина немале намера да ги злоупотребуваат практично позициите каде што се, СДСМ и владеачкото мнозинство во рамките на парламентот ќе дозволи формирање на таква една анкетна комисија каква што ние предлагаме која што ќе го истражи материјално финансиското работење на СЈО каде што јас сум убеден дека ќе се најдат голем број неазаконитости и дубиози кои што се случувале изминативе 4 години трошејќи ги народните пари. Но не само тие пари туку и парите на нашите сојузници САД, Шведска, Холандија итн. Ќе видите наместо да биде симбол на борбата против неправдата станува симбол на криминалот и корупцијата, гламурот и лукративноста, вели тој.