Една година од трагедијата во Бугарија: На автопатот едвај само еден детаљ потсетува дека во македонскиот автобус живи изгореа 45 патници (ВИДЕО)

Кај семејствата и блиските на настраданите болка и тага, но и горчина зашто истрагата на бугарското обвинителство сè уште не е завршена, а тапка и постапка за обесштетување.

Досегашната истрага вината ја лоцира кај возачот, кој возел со прекумерна и неприлагодена брзина.

Но, бугарски адвокати што застапуваат семејства на загинатите велат дека не може да се занемарат недостатоците на коловозот и отсутвото на соодветна сигнализација на патот.

Без малку една година по несреќата, на автопатот Струма само венец на претседателот Стево Пендаровски потсетува дека на ова место се случи трагедија на автобусот на „Беса транс“ во која од 52 патници, животот го загубија 45 лица, а само седум преживеаја. Туристите се превезуваа од Турција кон Македонија. Сите починати настрадале од термички шок и задушување.

Една година подоцна, и истрагата на бугарско обвинитeлство не е затворена.

Сијка Милева, портпаролка на главниот обвинител Иван Гешев, вели дека се чека одговорот на барањето за правна помош доставено до македонското јавно обвинителство кое требало да ги запознае роднините на настраданите со нивните права и да ги праша дали сакаат да направат увид во доказите. Во Софија имаат информација дека одговорот веќе патува кон нив.

Милева вели дека трагедијата е резултат на два последователни настани – удар на автобусот во оградата, па пожар. Вештачењата покажале дека во автобусот немало пиротехники или други лесно запаливи материјали, ниту пак дека се работи за терористички напад.

Милева посочува дека бугарскиот главен обвинител побарал проверка на квалитетот на сите бугарски патишта, но дека независно од наодите, тоа не ја менува досегашната теза дека вината е кај возачот.

Сепак, адвокатски тим од Бугарија, кој застапува пет семејства на загинатите од Македонија, веќе ја оспорува досегашната истрага.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.