Една плата не зеле 14.829 работници – по празникот на фирмите ќе им бидат блокирани сметките

Вкупно 5.713 фирми до 4 октомври не исплатиле плата за август, информира денеска на прес-конференција, директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Според неа, бројката на вработени кои не добиле плата е 14. 829 граѓани.

Лукаревска информира дека сите фирми кои не исплатиле плата добиле опомени, а по празникот ќе им бидат блокирани сметките.