
Министерстото за внатрешни работи информира дека вчера во 15.05 часот било пријавено дека во кртовското село Страцин, кратовско, се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „голф“ со регистарски таблици од Македонска Каменица, управувано од 23-годишниот С.Ѓ. од селото Саса, Македонска Каменица и патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 47-годишниот К.П. од Мала Речица, тетовско.
Во незгодата, на местото на настанот починал совозачот во возилото „голф“, 53-годишниот В.Ј. од селото Костин Дол кај Македонска Каменица, додека со телесни повреди се здобиле С.Ѓ. и сопатниците од истото возило 50-годишниот В.Ј., 20-годишниот Н.Ј. и едногодишно дете, констатирани во Медицинскиот центар Куманово, велат од МВР.
Возачот К.П. бил пренесен во Здравствениот дом Кратово за укажување на лекарска помош. Извршен увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кратово.