Страотна сообраќајка околу 17 часот се случила на патниот правец Кочани – Штип, објави порталот sky.mk. Во страшната сообраќајка учествувале два мотоцикли и автомобил, при што загинало едно лице.
Според неофицијални информации на порталот, починатото лице е од Свети Николе на возраст од 39 години.
Како што објави порталот, другиот моторист со повреди е пренесен во Клиничката болница во Штип.
Несреќата се случила во близина на „Џонсон Контролс“. Повеќе детали засега не се познати.