Во земјотресот со магнитуда од 4,2 според Рихтер во областа на околу 50 километри западно од иранската престолнина Техеран во средата едно лице починало од срцев удар, а полесно се повредени 56 луѓе, објави државната новинска агенција IRNA.
Повеќето од повредените во земјотресот, повредите ги добиле обидувајќи се да побегнат од зградата и набрзо се отпуштени од болниците, соопштиле болнички извори.
Подоцна во средата земјотрес со магнитуда од 5,1 степен го погодил градот Хојдек во југоисточна покраина Керман, објави агенцијата и додава дека засега нема извештаи за жртви или материјални штети.
Истата област на 12-ти декември беше погодено со земјотрес со магнитуда од 6,2 степени во кој беа повредени најмалку 18 луѓе и оштетени најмалку 20 куќи.