![policija-rotacija-1-960x525](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/policija-rotacija-1-960x525-1.jpg?resize=696%2C381&ssl=1)
Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа која синоќа околу еден часот се случила на магистралниот пат Прилеп-Битола.
Несреќата во полиција е пријавена околу 01:05 часот.
-Според првичните информации во сообраќајната несреќа учествувале товарно возило и автомобил. Повредено е едно лице, велат за Курир од МВР.
Сообраќајот на магистралниот пат е во прекин, а истиот се пренасочува.
Од МВР додаваат дека по завршување на увидот ќе излезат со повеќе информации.