Едно лице го изгуби животот во сообраќајна несреќа на патот Берово-Струмица

Жител на беровското село Двориште го загубил животот откако со камион излетал од регионалниот пат Берово-Струмица.

Како што информира МВР, вчера во 21:45 часот било пријавено дека на регионалниот пат Берово-Струмица, на место викано „Костов мост“, товарно моторно возило „застава 8310“ со беровски регистарски ознаки, управувано од А.М.(54) од село Двориште, беровско, излетало од патот. На местото на настанот починал А.М.