Едно лице го убило Јанушев, според МВР

Според Министерството за внатрешни работи, убиството на пораншениот фудбалер Мартин Јанушев минатиот петок во Скопје, немало  друга заднина, освен „меѓусебно недоразбирање“

Има напредок во истрагата, а по убиецот се трага.  Министерот за внатрешни рабти Оливер Спасовски во средата на брифинг со новинарите истакна дека можноста дека станува збор за нарачано убиство се утврдува.

На полицијата ѝ е познат идентитетот на напаѓачот. Според шпекулациите во медиумите, убиецот се крие во Србија, но министерот Спасовски рече дека сомнежот е дека сепак е во државата.

Досега се сослушани 35 сведоци, земени се снимки од околните камери и изјави од сведоци, рече во средата министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по речиси цела седмица молк на полицијата за бруталната ликвидација на 28-годишното момче која силноја разбранува јавноста.

 „Се работи за едно лице кое го извршило убиството. Разговарано е и направени се анализи со „Омерта агенцијата“, за да видиме дали е можно да има поврзување со настанот. Имаме релевантни информации и кога ќе се обезбедат сите докази, случајот ќе се се расчисти’“, рече Спасовски на брофингот соновинарите во министерството