
Ако сте мајка и притоа сте вработена, тогаш сигурно не стигнувате да размислувате за тоа што ќе подготвите денеска за ручек. Овие едноставни рецепти ќе ви помогнат за кратко време да подготвите вкусен и здрав оброк.
Топли сендвичи
Потребно е:
250 гр меко сирење
6 лаж мајонез
2 лаж магдонос
пола лаж. масло
2 млади кромидчиња
8 парчиња шунка
8 парчиња леб за тост
1 зелена јаболка
Сол и пипер
Подготовка:
Во чинија измешајте ги сирењето, маслото, младиот кромид и пиперот. Загрејте го тавчето на средна температура. На едно парче леб наредете две парчиња шунка, едно парче јаболка, додадете ја смесата со сирење и ставете парче леб кое ќе го намачкате со една лажичка мајонез.
На тавче ставете го сендвичот да се попржи и тоа на страната на која сте го намачкале мајонезот. Благо притиснете и по 45 секунди, намачкајте ја горната страна на сендвичот со мајонез и свртете. По 30 секунди тргнете го сендвичот од оган и ставете го на чинија па пресечете го на пола. Повторете го истото со остатокот од лебот.
Потребно е
6 јајца, 2 лаж масло, 1 црвен кромид, 1 лута пиперка, 2 лаж ситно сечкан магдонос, една лаж црвен пипер, сол и пипер.
Подготовка:
Изматете ги јајацата околу една минути додека не се создаде пена. Во јајцата додадете ги ситно исечканиот кромид и добро измешајте. Додајте малку сол и пипер. Загрејте го маслото на средна температура и ставете ја претходно подготвената смеса со јајцата. Мешајте, а потоа покријте и печете околу двеипол минути. На чинија или поклопец пренесете го омлетот и свртете за да го испечете од другата страна. Печете уште една минута.