Ефремов: Овие власти се неспособни да направат барем една реконструкција на улица

Раскопаните улици на месец пред изборите е очигледна компензација и популизам за неработењето на СДСМ во изминативе четири години! Не само жителите на улицата „Панче Караѓозов“, туку веќе и жителите на улица „Личка“ се жртви на неспособноста на локалните власти, изјави на денешната прес конференција во Штип, Игор Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ.

Рече дека иако медиумски се експонираа дека инстантно, за седум денови на улицата „Личка“ е со целосно променет водовод и набрзо ќе биде асфалтирана, сепак, во реалноста не е така.

„Поради тоа што новата водоводна линија и приклучоците до куќите на жителите се многу плитко поставени, а има и површински црева, кои не се затворени, при асфалтирање на улицата истите пукаат! Односно, и после еден месец, властите ја немаат завршено улицата, па граѓаните се принудени да газат во кал, а од бутната шахта, неколку денови и низ истек од канализација. Лошата изведба резултира со еден месец раскопана улица, нешто кое веќе го гледаме во населбата Автокоманда. Очигледно, овие власти не се способни да направат ниту една едниствена реконструкција“, истакна Ефтимов.