Египет планира да биде активен член на БРИКС

Египет планира да игра активна улога во работата на БРИКС, откако ќе стане членка на групата во јануари, изјави египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри на 78-та сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

„Египет со нетрпение очекува да игра активна улога во БРИКС за промовирање на интересите и аспирациите на јужните нации, кои сочинуваат околу 30 отсто од глобалната економија“, рече Шукри.

„Живееме во меѓузависен свет, а безбедноста на секоја земја зависи од безбедноста на сите земји“, рече тој.

„Сериозните последици од конфликтот во Украина докажаа дека не можеме да ја гарантираме стабилноста и безбедноста на која било земја без да ја гарантираме безбедноста на друга земја.

Според министерот, „време е да се запре монополот на големите сили да носат одлуки, бидејќи тие не ги земаат предвид интересите на земјите во развој“.