ЕХФ бара од Вардар милион евра за учество во ЛШ!

Актеулниот македонски и двократен европски шампион Вардар 1961 ќе мора да плати депозит во износ од еден милион евра како услов да учествува следната сезона во Лигата на шампиони (ЛШ), објави денеска Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Депозитот, како што е соопштено, ќе биде искористен за покривање на долговите на клубот кон играчите што останаа неподмирени во време на поранешниот сопственик Сергеј Самсоненко, а за чија исплата е започнат и судски спор.

Вардар треба да го уплати депозитот во две рати, првата до 13 јули, а втората до 27 јули.

Во спротивно, местото на Вардар во групната фаза на Лигата на шампиони во сезоната 2021/22 ќе го преземе словенечкиот клуб Горење од Велење.