ЕХФ ги казни Вардар и Кјелце

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги казни Кјелце и Вардар поради инцидентите што се случија на нивниот меѓусебен дуел во Полска од Лигата на шампионите на 14-ти октомври.

Кјелце ќе треба да плати казна од 5.000 евра поради неспортско однесување на играчите и официјалните лица за време на мечот, како и дополнителна казна од 2.500 евра поради лошо обезбедување. Казна од 7.500 евра полскиот тим ќе плати и за навредлив банер, со идеолошка порака, истакнат од страна на фановите на домаќинот.

Македонскиот тим доби казна од 6.000 евра поради неспортско однесување на играчите и стручниот штаб, а истовремено се зема предвид и дека ракометар кој бил суспендиран, ги напуштил трибините и се обидел да влезе на терен за време на турканиците на двете екипи.

.Жалба на овие одлуки на ЕХФ може да се поднесе во рок од седум дена.