Дисциплинската комисија при Европската ракометна репрезенрација му прогледа низ прсти на бекот на европскиот шампион Хамбург, откако му дозволи да игра и на реваншот и покрај тоа што доби црвен картон по прекршокот над Тимур Дибиров во 50. минута од натпреварот во Скопје
Правилата на ЕХФ се јасни дека само црвен картон во последната минута значи и автоматска суспензија од еден натпревар, но овојпат стануваше збор за навистина брутален старт поради кој Дибиров ќе мора да паузира најмалку дваесет дена. Затоа најмалку што можеше да се очекува беше минимална казна за искусниот ракометар на Хамбург.
Сепак, потврдата за нерезонската одлука на ЕХФ беше објавена и на официјалната веб-страница на Лигата на шампионите, во текстот во кој Хамбург го искажува својот оптимизам пред реваншот во Германија.
#Во Хамбург, Паскал Хенс има право за настап без оглед на дирекниот црвен картон на првиот меч, за прекршокот над Тимур Дибиров“, се вели во текстот објавен на официјалната интернет страна на ЕХФ.