Европската куќа на ракометот (ЕХФ), донесе одлука за суспендирање на Драган Начевски.
Функционерот на ЕХФ, Драган Начевски беше ослободен од своите должности и обврски во мај годинава, откако на данската телевизија TV2, беше објавено видео во кое се гледа Македонецот разговара со одредени кинески бизнисмени за местење на натпревари.
Начевски во тој разговор зборува за местење на натпревари, но ја одбива понудата за било какво местење, но ЕХФ смета дека тој направил очигледен прекршок а притоа не го пријавил случајот до интернационалната ракометна федерација.
„Судот на ЕХФ го суспендираат Драган Начевски на две години за држење на никакви функции во ЕХФ, а покрај тоа тој ќе треба да плати 5.000 евра за прекршување на основните обврски според регулативите на ЕХФ и кодот на однесување на ЕХФ“.
„Оваа одлука се однесува само на прекршоците поврзани со неизвестување за овој случај“, порачаа од ЕХФ.