
Ракометниот Суд на Европската ракометна федерација денеска објави за две казни на босанскиот клуб Борац и францускиот Екс Ан Прованс.
Францускиот клуб е казнет со 3.000 евра поради неправилности на подлогата за играње и недозволени реклами на натпреварот од Лигата на Европа против Нексе.
Сепак казната е преполовена на 1.500 евра, бидејќи на следниот натпревар грешката била коригирана. При следен ваков или сличен прекршок, Екс Ан Прованс ќе мора да го плати и вториот дел од казната.
Босанскиот Борац беше казнет со 5.000 евра поради нарушување на безбедноста на актерите на теренот на дуелот против Беса од Косово од страна на публиката.