Еибар на гости го надигра Бетис

Во последниот дуел од 11-то коло на шпанската Примера, Еибар како гостин во Севилја со 2:0 славеше над Бетис.

Еибар потполно го надигра Берис, а гостите освен погодоците на Јошинори Муто во 49 и Естебан Бургос од пенал во 54 минута, имаа уште еден неареализиран пенал во 89 минута и два поништена гола по интервенција на ВАР-системот.

Еибар сега со 13 бодови се искачи до 12-то место, додека Бетис со бод помалку е на 15-то место.

На табелата води Реал Сосиедад со 24 бодови од 11 натпревари, а го следи Атлетико Мадрид со бод помалку но од 9 одиграни кола. Вилјареал кој ги има комплетирано сите досегашни кола е третопласиран со 20 бодови. Реал Мадрид од 10 натпревари има 17 бодови и е четврти, а Барселона по ова коло дојде до седмата позиција на табелата со 14 бодови, но од девет кола.