Европската комисија соопшти во понеделниикот дека ја тужи англо-шведската компанија „AstraZeneca“поради непочитување на договорот за испорака на вакцините против коронавирусот и затоа што компанијата нема ведостојна програма со којашто ќе обезбеди родовност на испораките, но прозиводителот ги отфлра тие обвинувања.
Оваа правна постапка на Европската комисија нема законска основа, одговорија од „AstraZeneca“, ветувајќи дека силно ќе се браната на судот.
Според договорот кој го презентира ЕК, англо-шведската фармацевтска лабораторија се обврзала „да вложи најдобри разумни напори за да испорача 180милиони дози од вакцината во Европската унија во вториот квартал од вкупно 300 милиони дози предводени од декември до јуни“.
Меѓутоа, „AstraZeneca“ на 12-ти март објави дека ќе настојува да ипорача само третина од дозите до крајот на јуни, од што 70 милиони дози во вториот квартал, ојаснувајќи го тоа со проблемите во производствените погони на територијата на Европската унија.
Брисел промашувањето во програмата за вакцинирање на граѓаните во ЕУ го оправдува со доцнењето на испораките од „AstraZeneca“, тврдејќи дека сметале дека токму оваа вакцина ќе биде темелна за имунизацијата во Унијата во првата половина од годината. Иако намалувањето беше најавено и од другите поизводители со кои ЕК имаше поголеми договори за набавки, ЕУ најави дека сега главно ќе се потпира на американската вакцина „Pfizer/BioNtech“ односно на вакцините засновани на mRNK тенологија.
„Комисијата поднесе тужба во петокот во името на сите 27 членки на ЕУ ои едногласно го поддржаа овој потег. Некои одредби од договорот не се почитувани и компанијата не е изнесе сигурна стратегија со којашто ќе осигури испораки на дозите во роковите“, изјави порпталот на ЕИ, појаснувајќи поради зошто во Брисел одлучиле да поднесат тужба.
Компанијата ги отфрли одбивнувањата.
„AstraZeneca целосно постапуваше според Договорот (Advance Purchase Agreement) склучен со Европската комисија и силно ќе се брани на судот. Веруваме дека никаква тужба нема законски основи и сакаме тој спор да се реши што е поскоро можно“, наведува англо-шведската компанија.
Според одредбите од договорот, за евентуалниот спор надлежни се белгиските судови.
„Сакаме да обезбедните брза испораката на доволниот број дози за европските граѓани ветени на основа на договорите“, изјави портпаролот на ЕУ.
Функционерите на ЕУ потврдија дека целта на правосудната постапка е да се обезбеди повеќе испораки на вакцинита од оние кои произведувачот ги најавил.
Брисел одлучил да ги преземе правните чекори по повеќемесечните несогласувањата со компанијата во врска со испораките, но и загриженоста поради сигурноста на ова вакцина. И покрај тоа што се утврдени случаите на крвни згрутчувања поврзани со вакцината на „AstraZeneca“, европскиот регулатор за лекови препорача продолжување на употребата на оваа вакцина за да се сузбие ширењето на коронавирусот.
„Мораме да испратеиме порака којашто ќе ја прими (извршниот директот на AstraZeneca, Паскал) Сорио“, изјавил за Reuters неименуван функционер на ЕУ.
Германија, Франција и Унгарија се само некои од земјите членки на У кои се двоумеле да ја тужат „AstraZeneca“, главно затоа што проценуваат дека тој потег нема да ги забрза испораките, појасниле дипломати и додале дека сите земји на крајот одлучиел да ја поддржат тужбата.
Непосредно пред објавувањето на покренувањето на тужбата, од „AstraZeneca“ објави дека подготвува дека подготвува испорака од речиси 50 милиони дози до крајот на април.
ЕУ, пак, инсистира „AstraZeneca“ да ги испорача договорените 300 милиони дози, но огорчувањето кон овој произведувач е одлуката на Брисел да се откаже од купувањето на дополнителните 100 милиони дози кои според договорот може да се активира во август.