ЕК бара итно објаснување од Минск за инцидентот со авионот на „Ryanair“

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, побара во неделата итно објаснување од властите на Белорусија во врска со инцидентот со авионот на возухопловната компанија „Ryanair“ на летото од Атина до Вилнус и притворањето на опозицискиот блогер Роман Протасевич во Минск.

„Целосно неприфатлово е принудувањето на авионот на летот од Атина до Вилнус да се приземји во Минск. Сите патници мора веднаш да го продолжат патувањето до Вилнус со осигурана безбедност. Секое кршење на меѓународните правила за воздухопловен сообраќај мора да повлекува санкции“, објави Фон дер Лејен на Twitter.

Истовремено, челничката на Европската комисија ја повика Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) да го испита инцидентот.

Со повик за меѓународна истрага на инцицентот и повик до белоруските власти да им се овозможи на патниците да го продолжат летот, се јавија и претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел, финскиот претседател Саули Ниинисто, како и министерствата за надворешни работи на Австрија и Естонија.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки побара од Мишел на дневниот ред на утрешниот состанок на Европскиот совет да се додаде точка за итни санкции против „режимот на (белорускиот претседател Александр) Лукашенко“. Инцидентот го нарече „грабнување цивилен авион“ и „невиден чин на државен тероризам“.
Неизоставно итно ослободување на Протасевич побара и литванскиот претседател Гитанас Науседа.

„Ги повикувам сојузниците во НАТО и ЕУ веднаш да реагираат на заканата која за меѓународните цивилни летови ја претставува белорускиот режим. Меѓународната заедница мора веднаш да преземе чекори за такво нешто да не се повтори“, се наведува во соопштението на Науседа.

Според државниот секретар на германското министерство за надворешни работи, Мигел Бергер, во Берлин се очекува итно објаснување од белоруските власти „за пренасочување на летот на Ryanair од границите на ЕУ во Минск и претпоставеното притворање на новинарот“.

Претходно во неделата службата за односи со јавноста на аеродромот во Минск соопшти дека авионот на компанијата „Ryanair“ од Атина кон Вилнус, принудно слетал по објава дека во него е поставена експлозивна направа, што при проверката не било потврдено. Истражниот комитет на Белорусија поради тоа отворил кривична постапка за лажна пријава за експлозивна направа, и се истражува од каде и со која цел дошла лажната информација за бомбата.

Белоруските активисти за човековите права соопштија дека во авионот се наоѓал основачот на опозицискиот канал Nexta на Telegram, Роман Протасович, кој би приведен при проверка на документите на патниците.

Според Telegram-каналот „Пул Первога“, близок на службата за односи со јавноста на белорускиот претседател, авионот веќе бил близу границата со Литванија, но Лукашенко „дал безусловна команда“ да биде пренасочен и да биде дочекан во Минск. За тоа полетал борбен ловец од типот „MиГ-29“.

Основачите на опозицискиот ресурс Nexta, Роман Протасович и Степан Путило во Белорусија се обвинети за делата „организирање масовни безредија“ за кое им се заканува казна до 15 години затвор, како и за „организација на групни дејствија кои грубо го нарушуваат јавниот ред“ за што се пропишани до три години затвор. Покрај тоа, беше покрената и кривична постапка за изведување „намерни активности насочени кон поттикнување социјална нетрпеливост врз основа на професионална припадност“, за што се одредени казни до 12 години затвор.

Ресурстот Nexta повикуваше на протести и ги координираше, а кои започнаа по претседателските избори во Белорусија во август минатата година кои беа најмасовните откако пред речиси три децении на власт дојде Алескандр Лукашенко, и траеја во следните шест месеци. Белоруските власти го сметаат овој ресурс за „екстремистички“, самиот Протасович го ставија на листата лица повразни со тероризам и по него распишаа потерница.