Челниката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, доцна ноќта во втоникот изјави дека истекувањето на гасовод од двата руски цевковода Северен тек 1 и 2 во Балтичко Море е „чин на саботажа“.
„Со данската премиерка Мете Фредериксен разговарав за чинот на саботажа на Северен тек, напиша Фон дер Лајен на Twitter.
„Најважно е да се истражат инцидентите и целосно да се расветлат настаните и нивните причини. Секое намерно нарушување на активната енергетска инфраструктура во Европа е неприфатливо и ќе резултира со најсилен можен одговор“, се додава во објавата на шефицата на Европската комисија.